Нов удар за Италијанците: Бодо го шокираше Интер! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По вчерашниот дебакл на Јувентус од Галатасарај со 5-2 во Истанбул вечерва италијанскиот фудбал доживеа нов удар, Интер беше поразен на гости кај Бодо со 3-1.

Не беа домаќините толку многу подобар противник од „нераѕурите“, меѓутоа знаеа да ги искористат своите шанси и заслужено ќе патуваат со предност на реваншот во Италија. Изненадувањето го најави Фет по 20 минути игра. Интер брзо се врати и со голот на Еспозито десет минути подоцна израмни на 1-1.

Во второто полувреме, Интер повеќе ја имаше топката во свој посед, меѓутоа тешко создаваше посериозна прилика за гол. Бодо од друга страна набрзина во три минути во 61. и 64. постигна два гола за 3-1 и победа.

Изненадување видовме во Белгија каде што Клуб Бриж се врати од од негатива од два гола и одигра 3-3. Тргнаа одлично гостите од Мадрид и преку Алварез и Лукман во првиот дел обезбедија 2-0. Домаќините во вториот дел прво преку Онедика намалија на 2-1 во 52. минута, а на истекот на еден час игра и израмнија со голот на Тресоиди.

Атлетико на десетина минтуи пред крајот со автоголот на Ордонез дојде и до 3-2, но ниту тоа не беше доволно за победа бидејќи Цолис во завршница стрелаше за 3-3.

Во преостанатиот натпревар, Баер Леверкузен немаше проблеми и славеше со 2-0 на гости кај Олимпијакос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×