Ништо од рекордниот трансфер на Њукасл, Ливерпул го краде фудбалерот

by bojan
1 минути читање
Екитике пред неколку дена се поврзуваше со Њукасл, но денеска си подаде рака за трансфер во Ливерпул

На почетокот од оваа недела се говореше дека Њукасл ќе го ангажира Уго Екитике во рекордна зделка, но клубот од „Сент Џејмс Парк“ сега се насочува кон други цели откако Ливерпул достави понуда до напаѓачот.

Њукасл оваа недела на маса стави 80 милиони евра за ангажман на Уго Екитике, се говореше дека популарните „свраки“ ќе го соборат сопствениот рекорд за да го ангажираат напаѓачот, но последните информации велат дека ништо нема да се случи од сето ова.

Ајнтрахт Франкфурт ја одби понудата, а во меѓувреме и Ливерпул тропна на вратат ана Французинот, „црвените“ за брзо време си подадоа рака со Уго Екитике за шестгодишна соработка и тој сега сака само преселба на Енфилд.

Шампионот на Англија сега ќе треба да пронајда заеднички јазик со Ајнтрахт Франкфурт за висината на трансферот, Уго Ектике има откупна клаузула од 100 милиони евра и „орлите“ инсистираат на сума приближна на оваа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×