74
Славната Виченца која во моментов настапува во Серија Ц е новиот клуб на Никола Јакимовски.
„Среќен сум за новата авантура. Не можам да дочекам да почнам со моите нови колеги. Сега треба само да мислиме како да работиме заедно за да ја оствариме многу важната цел за сите. Единствениот начин е да се работи напорно. Напред Виченца“, изјави Јакимовски.
Тој во Италија е од 2015 година, настапуваше за Варезе, Комо, Бари и Беневенто. Претходно играше за Јагодина, Нагоја, Јавор, Тетекс, Ференцварош и Македонија ЃП.