147
Тотнем водеше со 0-2 на полувреме на гостувањето кај Брајтон, но гостите се распаднаа во продолжението од натпреварот па домаќините на крајот славеа со 3-2.
„Спарси“ испишаа негативен рекорд откако испуштија два гола предност на гостувањето кај Брајтон.
Избраниците на Постекоглу на пауза заминаа со 0-2 со головите на Џонсон и Медисон, но се распднаа во продолжението од мечот.
Минте на стартот од вториот дел намали на 1-2, за Рутер во 58. минута да изедначи на 2-2. Пресвртот беше комплетиран во 66. минута, Велбек реализираше за 3-2 и огромна радост на домаќините.
Па по денешниот натпревар, Тотнем стана првиот тим во Премиерлигата кој на 10 натпревари имал предност од два или повеќе погодоци, но на крајот загубил.