Неверојатно, Стерлинг сам се сопна од тревата а судијата покажа на белата точка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ВАР системот, кој
од следната сезона ќе го има во Лигата на шампионите, често е критикуван, но
барем видео технологијата нема да дозволеше бламажа каква што вечерва се случи
на Етихад.

Рахим Стерлинг се најде во шанса за гол, напаѓачот заринка во тревата кога
сакаше да ја шутне топката и се фрли како да беше сопнат од страна на противничкиот играч. Судијата Виктор Кашаи
наседна на ова и досуди пенал. Тој толку беше убеден дека ова е исправна одлука што застана на белата точка и покажа кон голот. Играчите на Шахтар не можеа да поверуваат исто
како и фудбалските фанови ширум светот кои веднаш го искажаа својот револт на социјалните
мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани