Популарниот
„Нестгол“ влезе во голгетерски пост и ја нема затресено противничката мрежа два
месеци.
Па формата на
Илија Несторовски беше тема на разговор на денешната средба на Бруно Тедино со
новинарите во пресрет на дуелот со Емполи во петок.
„Несторовски е во
криза? Не го мачи тоа што не постигнува погодоци, игра за тимот. Кога Гнахоре
погоди, први кои истрчаа на теренот да се радуваат беа Несторовски и
Трајковски. Секако дека ќе биде далеку посреќен доколку ја затресе мрежата, но Несто
се жртвува за нас, игра фудбал кој е од голема корист за тимот и тоа ни носи огромно задоволство” –
вели тренерот на Палермо.
„Нормално, кога
напаѓачот не постигнува погодоци, тоа никогаш не е добро за самиот играч, но
нема никаков проблем”.