Неста за поразот во финалето на ЛШ 2005: Цело лето се будев…

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан го претрпе најболниот пораз во историјата на финалињата на Лигата на шампионите, бидејќи во 2005 година по водство на полувреме од 3-0 испушти предност и Ливерпул по пенали го крена трофејот.

Алесандро Неста во изјава се присети на загубеното финале. Италијанецот призна дека долго време не можел да го прифати поразот.

Не славевме ништо во соблекувалната на тоа полувреме. Тоа беше изјава од некој идиот од противничкиот тим, не знам кој беше. Беше доста напнато и знаевме дека не очекува долг пат. Стивен Џерард беше човекот кој го остави Ливерпул во натпреварот, беше вистинско животно. По финалето никој не изусти ниту збор. По тој пораз цело лето се будев и размислував дали тоа навистина се случи“, се присети Неста.

„Росонерите“ се одмаздија за ова загубено финале две години подоцна, со победа од 2-1 во Атина кога го освоија последниот трофеј во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани