„Нема пријателство во одлуката за Гатузо“

by
1 минути читање

Паоло Малдини
признава дека пријателството со Џенаро Гатузо нема да биде земено во предвид
кога ќе треба да се донесе одлука за тоа дали клубот ќе има доверба во шефот на
стручниот штаб на таа екипи, или ќе дојде до разделба.

Морам да ја
работам мојата функција професионално, ние не сме повеќе соиграчи
“ рече
Малдини за прашањето околу иднината на Џенаро Гатузо на клупата на Милан, позиција која често се шпекулира дека ќе биде „освежена“.

Мора да се има
почит кон луѓето со кои работите, ние обајцата сме тука за да му помогнеме на
клубот на најдобар можен начин, нашите ставови можат да бидат различни, но,
нашето пријателство ни помага да ги надминеме разликите
“ додаде тој.

Како и да е, ќе
морам да ја оценам работата која тој ја сработи со ладна глава, имаме поинакви
позиции во клубот, а ќе повторам дека повеќе не сме соиграчи
“ заклучи Малдини.

Изјавата на првиот човек во Милан во однос на спортската стратегија, како и директор на клубот, доаѓа во еден чувствителен момент за екипата од Милано која во последното коло на гостувањето кај СПАЛ ќе мора на победа ако сака во топ четирите екипи во Серија А, како и место во Лигата на шампионите за идната сезона, но, истовремено ќе чека и на кикс на Интер против Емполи, или на Аталанта против Сасуоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани