Пет нови засилувања за некогашниот прволигаш пред кам-бекот во ВМФЛ

by 24 фудбал
0 минути читање

Еуромилк Горно Лисиче продолжува да го засилува ростерот пред новата сезона во Втората македонска лига и денес претстави пет нови фудбалери.

Најзвучно име меѓу новите засилувања е искусниот голман Филип Лазаревски, кој пристигнува од Осогово. Чуварот на мрежата има богато прволигашко и второлигашко искуство, а во минатото веќе беше дел од клубот.

Левата бековска позиција ќе ја засили Марко Стојчевски, кој доаѓа по настапите за Тетекс, додека клубот обезбеди и тројца млади фудбалери од академијата на Вардар, а тоа се Филип Дамевски, Филип Смиљков и Марио Маркулев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×