Некогаш големиот талент на португалскиот фудбал ќе игра на Балканот

by Стефан
1 минути читање

Ренато Санчез кој некогаш важеше за голем талент во европскиот фудбал денеска ја комплетираше позајмицата в Панатенаикос.

Во грчкиот фудбал 28-годишниот Санчез пристигнува од ПСЖ, а најдобриот фудбал во кариерата го играше во Бенфика од каде што се пресели во Баерн, но подоцна се соочи со чести повреди, па не успеа да ги исполни очекувањата.

Својот квалитет го покажа и подоцна во Лил од каде што пристигна во Париз, меѓутоа во Париз одново често пати беше надвор од терените. ПСЖ претходно го испрати и на позајмица во Рома која не се одлучи да го откупи неговиот договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×