Нејмар во одбрана на Тухел за неговата одлука да го казни Мбапе

by
1 минути читање

ПСЖ се намачи да дојде
до победа против Олимпик Марсеј откако во големото дерби од 11. коло во
француската Лига 1 триумфираше со 0-2 на Велодром, а за првиот гол на гостите
се чекаше три минути по влегувањето на Мбапе во игра во 65. минута.

Токму Мбапе,
заедно со Рабио, поради недисциплина мечот во Марсеј го почнаа од клупата за
резервни фудбалери, и обајцата потоа добија шанса за настап, а казната дојде
откако задоцнија на собирот на екипата, првата ѕвезда на тимот, Нејмар, застана
во одбрана на одлуката на Томас Тухел.

Тие се двајца
одлични фудбалери од голема важност за нашиот состав, но, такво однесување не
може да се толерира. Ова е случај помеѓу нив и тренерот. На крајот, се
излезе добро бидејќи Килијан влезе во игра
и постигна гол
“ издвои Нејмар.

Шефот на
стручниот штаб на францускиот првак призна дека одлуката не била лесна, но,
свесен за тоа дека мора да се постави пример за останатите, донел одлука за
казна на една од најголемите ѕвезди во тимот.

Добро размислив
и навистина не би било во ред фудбалерите кои задоцнија на собирот да не
поминат неказнето
“ коментираше Тухел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани