ПСЖ во последно време не игра на потребното ниво а новиот пораз од Монако донесе тензија во соблекувалната.
Се шпекулираше дека Нејмар се фатил за гуша со спортскиот директор Луис Кампос, и наводно овој инцидент ја прелил чашата па „светците“ решиле да го продаваат Бразилецот.
„Да, точно е дека имаше мала расправија, нe се сложувавме за одредени работи, но тука заврши се, има голема почит помеѓу нас. Се расправам и со девојка ми, ама не се разделуваме, продолжуваме заедно. Вистина е дека не играме на потребното ниво во последно време и ПСЖ не е навикнат да губи, поразите носат одредени фрустрации. Дискусиите се нормален дел од фудбалот и помагаат да стане појасно кој што мисли, да се подобрат работите, да се забележи прогрес. Ова е моја шеста година тука и секогаш има шпекулации, кои често не се вистинити и само се злобни“ – рече Нејмар на средбата со новинарите пред дуелот против Баерн Минхен во Лигата на шампиони.
„Малку е жално што медиумите дознаа за расправијата, такви работи треба да останат во соблекувална“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.