Нејмар го откажа враќањето во репрезентацијата: Изгледаше толку блиску…

by Стефан
1 минути читање

Бразилецот Нејмар по пауза од повеќе од една година добив повик во националниот тим на Бразил за средбите со Колумбија и Аргентина во квалификациите за Светското првенство, но враќањето на ѕвездата на Сантос ќе почека.

Имено, Нејмар потврди дека поради повреда ќе го прескокне овој собир на националниот тим.

„Враќањето изгледаше толку блиску, но за жал во овој момент не можам да го носам највредниот дрес во светот. Долго разговаравме и сите ја знаат мојата голема желба да се вратам, но на крајот дојдовме до консезус и одлучивме да не ризикуваме и да се вратам кога целосно ќе бидам подготвен. Благодарам на оние кои ми ја испратија поддршката“, соопшти Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани