Аргентинскиот напаѓач во август полни 22 години и игра одлично на Копа Америка, постигна голови на два меча по ред и го привлече вниманието на себе.
Напаѓачот на Интер е најдобар стрелец на Аргентина откако Скалони е селектор, постигна пет голови на девет меча за својата репрезентација.
Според радиото „Ла Ред“, Барселона одлучила дека Лаутаро е многу подобра цел отколку Икарди и подготвува понуда од 112 милиони евра.
Пред една година Интер го купи Лаутаро за само 14 милиони евра плус бонуси од Расинг.
Расинг треба да добие и 10% од следниот тренсфер на Латура, а се верува дека тој во договорот со Интер има откупна клаузула од 112 милиони евра.
Тој имаше солидна дебитантска сезона за Интер постигнувајќи девет голови и две асистенции.