Не е се во парите: Познато зошто Салах одбил 500 милиони фунти и останал во Ливерпул

by Стефан
1 минути читање

Се најавуваше дека Мохамед Салах на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул, но тоа на крајот не се случи и „Египќанецот“ потпиша нов договор со важност на две години.

Една од дестинациите кои се споменуваа како опции за Салах беше и Саудиска Арабија, а наводно клуб од овааа земја му понудил повеќегодишен договор вреден 500 милиони фунти.

Сепак, Салах и покрај астрономската понуда одлучи да продолжи во Ливерпул каде што има плата од 20 милиони евра по сезона.

Сега на Островот се пишува и која била причината за ваквата одлука и мотивите на фудбалерите биле спортски. Салах има мжност да атакува на првото место на вечната листа стрелци во Премиер лигата, но исто така е во конкуренција и за „Златната топка“ која е негова желба.

Најголем успех на Салах во ова рангирање беше во 2019 и 2022 година кога беше петтопласиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани