По продажбата на
Нејмар, „Каталонците“ имаа пари за трошење но другите клубови не беа премногу
расположени за продавање. Ливерпул одби да се раздели со Филипе Кутињо во летниот
преоден рок, и даде зелено светло дури во јануари и тоа за 160 милиони евра.
Борусија Дортмунд
не издржа многу, но затоа пак убаво наплати и го продаде недокажаниот Осман
Дембеле за дури 145 милиони евра.
Медиумите од
Шпанија и Англија веќе пренесоа дека „Црвените“ си обезбедиле интересна
клаузула според која Барса нема да пазари од Енфилд пред 2020, односно ќе мора
да плати премија од 100 милиони евра доколку сака да купи нов играч од Ливерпул
во следните две сезони.
Сега и медиумите
од Германија говорат за специјална клаузула која била вметната на инсистирање на Дортмунд. За младиот
Французин, Барса плати 105 милиони евра, како и уште 40 додатни во бонуси во
зависност од перформансите. Сепак, „Милионерите“ побарале оваа сума да им
биде исплатена веднаш доколку Осман Дембеле биде продаден.
Напаѓачот има
проблеми со дисциплината, им оди на нерви на тренерот Валверде и лидерите на
клубот со своето проблематично однесуање, па се шпекулира за негово заминување во јануари, потег кој скапо може
да ги чини „Каталонците“ поради специјалната клаузула која ја вметнала Борусија Дортмунд,
бидејќи голема сума ќе заврши на нивна сметка.
Од бонусите,
Барса до сега има исплатено само 10 милиони евра, односно 5 милиони за првите
25 настапи на Дембеле и 5 милиони за обезбедниот настап во Лигата на
шампионите.