Атлетико Мадрид ќе има значително променет лик во наредната сезона, речиси половина тим летово ќе го напушти клубот.
Најголемата ѕвезда, Антоан Гризман и официјално изјави дека си заминува од Атлетико Мадрид по крајот на сезоната, негов нов клуб би требало да биде Барселона.
Брзо по изјавата на Гризман, стигна и информацијата дека Родриго Хернандез исто така ќе го напушти Атлетико, за него интерес има од друг голми клубови, Барселона, Манчестер Сити и Баерн Минхен.
Лукас Хернандез веќе е продаден на Баерн Минхен, а Диего Годин како слободен играч ќе премине во Интер.
Хуан Фран одбива да стави потпис на нов договор, и тој како Гризман и соопштил на управата дека сака да си замине. А клубот не му нуди продолжување на соработката на Филипе Луис па и тој веројатно во следната сезона ќе носи друг дрес.
Се погласно се шпекулира дека и Диего Коста би можел да го напушти Атлетико Мадрид.
И покрај сите заминувања се очекува Атлетико Мадрид да остане на истото ниво, а клубот да донесе нови фудбалери по мерка на Диего Симеоне.