Големиот скандал со обложување во Турција доби нова димензија, преку 1.000 фудбалери се предадени на дисциплинска комисија поради сомнеж за обложување.
Минатиот месец беше објавено дека фудбалските власти во Турција спровеле истрага, под лупа биле ставени 571 судија, и било утврдено дека дури 371 од нив имале отворено сметки за обложување, а 152 активно се обложувале.
Големиот скандал сега доби нова димензија, дополнителната истрага покажа дека преку 1.000 фудбалери се обложувале.
Од нив, 27 фудбалери настапуваат во најсилното првенство на Турција, и иако нема звучни имиња, двајца се од Галатасарај, двајца се од Бешикташ, и еден е од Трабзонспор.
Сите фудбалери се предадени на дисциплинска комисија.
ФОТО: X/Galatasaray SK