Навивачите на Манчестер јунајтед во паника, дали Де Геа се опрости од „Црвените ѓаволи“? (ФОТО)

by
1 минути читање

Давид Де Геа во 2015 беше на чекор до трансфер во Реал Мадрид, но зделката
пропадна во последен миг откако Манчестер јунајтед задоцни со испраќање на
документите.

Голманот остана на радарот на „Кралевите“ и во последно време одново се
говори дека Шпанецот ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу.

Неколку часа по крајот на сезоната во Премиерлигата, навивачите на
Манчестер јунајтед се загрижени и во паника, откако Давид Де Геа на социјалните
мрежи објави пост со кој сугерира дека заминува.

„Ви благодарам за безусловната поддршка! – гласеше пораката на голманот.

Многумина ова го протолкуваа како збогување на Давид Де Геа со навивачите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани