Навивачите на Јунајтед останаа шокирани кога прочитаа за колку пари ќе биде продаден Ван де Бек

by bojan
2 минути читање
Ван де Бек

Навивачите на Манчестер јунајтед се чудеа на трансфер шпекулациите за преселба на Дони ван де Бек во Жирона, не можеа да поверуваа дека трансферот ќе чини 500.000 евра.

„Ѓаволите“ во 2020 година го ангажираа Дони ван Бек од Ајакс во зделка вредна 39+5 милиони евра, но Холанѓанецот никогаш не успеа посериозно да се наметне на Олд Трафорд.

Манчестер јунајтед се обиде да му најде нов клуб, но ниту Евертон, ниту Ајнтрахт Франкфурт не сакаа да го купат во целост и го вратија назад по крајот на позајмиците.

Но вчера се појавија информации дека клубот од Олд Трафорд конечно нашол купец и дека Дони ван де Бек е пред трансфер во Жирона.

Сепак, навивачите останаа шокирани и не можеа да поверуваат дека трансферот ќе чини 500.000 евра.

Новинарот Фабрицио Романо сепак им сподели малку попозитивни вести и појасни дека 500.000 евра е само почетната сума, а во зависност од бројот на настапи на Дони ван де Бек во Шпанија оваа сезона, зделката може да се искачи на 4-5 милиони евра, а дури и повеќе доколку Холанѓанецот забележи успех.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани