Навивачите на Самсунспор направија шоу – ечеше нивна песна во Старата скопска чаршија! (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Шкендија вечерва во Скопје ќе се сретне со Самсунспор во плеј-офот од Конференциската лига, а турскиот клуб на арената „Тодор Проески“ ќе има поддршка и од своите навивачи.

Имено, во Скопје допатуваа голема бројка турски фанови кои вечерва ќе навиваат за својот клуб кој и поради квалитетот ќе ја има фаворитската улога.

На социјалните мрежи беше објавено и видео од Старата скопска чаршија каде што ечеше навивачката песна на турскиот клуб.

Натпреварот се игра во терминот од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×