Навивачите на Реал бесни: Убедени се дека биле оштетени за „чист“ пенал! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Англиските медиуми имаа пофалби за Јошко Гвардиол по победата на Манчестер Сити над Реал Мадрид (2:1) во шестото коло од Лигата на шампионите.

Ослабениот Реал поведе во 28. минута преку Родриго, но Сити брзо се врати во игра. Во 35. минута, Нико О’Рајли израмни на 1:1, а голем дел од заслугите му припадна на Гвардиол, по корнерот, Хрватот со глава ја насочи топката кон голот, Куртоа ја исфрли од гол-линија, но само до младиот играч на Сити кој без многу мака погоди од непосредна близина. Комплетниот пресврт Сити го направи во 42. минута кога Ерлинг Халанд беше сигурен од белата точка.

Но, Шпанците од друга страна се бесни на судијата Клеман Турпен и ВАР собата. Тврдат дека судиите пропуштиле очигледен прекршок, силното влечење на дресот на Раул Асенсио од страна на Гвардиол непосредно пред голот на Сити. Според нив, Реал бил директно оштетен за чист пенал.

Навивачите на „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи споделуваат снимки и фотографии од спорната ситуација и коментираат:

„Пред пеналот од кој погоди Халанд, ВАР веднаш го повика судијата да ја провери акцијата, но кога Гвардиол ќе му го искинеше дресот на Асенсио, ВАР не потроши ни десет секунди“

Друг истакна: „Влечењето на Асенсио? ВАР не реагира и нема пенал.“ Еден навивач на Реал саркастично додаде „Не е пенал, „Адидас“ само го ангажирал Гвардиол да го тестира квалитетот на дресовите во натпреварувачки услови.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×