212
Фантастично деби за Адис Јаховиќ во дресот на турскиот суперлигаш Коњаспор.
Македонскиот бомбардер во 91. минута на убав начин постигна гол за 2-2 против Галатасарај со тоа што е херој за својата екипа која ја спаси од пораз во првиот дуел против големиот фаворит од турскиот Суперкуп.
Љубителите на фудбалот во Турција веднаш се активираа на социјалните мрежи по неверојатното деби на Јаховиќ кој во игра на мечот влезе во 57. минута, а ја бележиме оваа објава на извесен Омер Грациано, кој според објавите важи за фан на Бешикташ, кој се споменуваше како еден од заинтересираните клубови за Јаховиќ во изминатиот зимски јануарски преоден рок.