Навас со барање до Реал Мадрид: Пуштете ме да си заминам

by
1 минути читање

Кејлор Навас не е
среќен со улогата која ја има во тимот на Реал Мадрид, иако Костариканецот
имаше клучна улога во одреден период на големите успеси на шпанскиот гигант под
кормилото на Зинедин Зидан.

Францускиот
фудбалски стратег на кормилото на „Кралевите“ стави јасно дознаење дека опција
број „1“ на голот ќе биде Тибо Куртоа оваа сезона, а таа одлука на популарниот
Зизу била прифатена од страна на Навас.

Клубот веќе е
запознаен со желбата на Навас да си замине, а Реал Мадрид веќе е во потрага по негова
замена во случај тој да си замине пред истекот на летниот преоден рок,
приоритет е да се најде искусен голман.

Кратко откако
заврши ланската сезона, Кејлор беше близу до трансфер во ПСЖ меѓутоа таа негова
преселба во француската престолнина на крајот пропадна, постојат неколку опции
на маса за Костариканецот, а се верува дека се уште постои интерес од ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани