Српски „Журнал“ пренесува дека по повредите на Љубомир Фејса и Немања
Радоја, повикал двајца нови фудбалери, меѓу кои и помладиот брат на ѕвездата на
Челси, Немања Матиќ.
„Куќата на фудбалот“ во Македонија долго чекаше дозвола од ФИФА за настап на Урош Матиќ за нашата селекција, до тоа не дојде па сега тој ќе настапува за српската репрезентација која идната недела во Белград го има тимот на Велс за противник од квалификациите за СП Русија 2018.
Пред три години Урош Матиќ беше гостин и во Фудбалската Федерација на
Македонија, каде имаше и разговор со првиот човек на македонскиот фудбал.
„Урош е добредојден во
македонската репрезентација. Во тек е процедурата за издавање документи и
промена на спортски пасош, а по комлетирањето нема да има пречка Урош Матиќ да
дебитира за нашиот национален тим. Фудбалскиот впечаток за него го знаеме, игра
стандардно во тимот на Бреда, стручниот штаб во нашата репрезентација смета
дека може да биде многу корисен и во нашата игра, мислам дека сме на добар пат
да ја засилиме конкуренцијата во репрезентативниот состав со квалитетен играч.
Денеска видовме дека е многу скромно и момче со правилни вредности, тоа е
причина повеќе да веруваме во желбата заеднички да си помогнеме“ изјави тогаш, Илчо Ѓорѓиоски, претседателот на
Фудбалската Федерација на Македонија.
Помладиот брат на
фудбалерот на Челзи беше следен преку скаут системот на „Куќата на
фудбалот“ во Македонија, тој е еден од неколкуте фудбалери како Адеми,
Абдурахими, Дамчевски, Пивковски кои ја прифатија понудата да настапуваат за
Македонија, но Урош Матиќ одлуката ја промени и реши да настапува за
селекцијата на Србија.