„Намерно промаши, колку ти платија да го наместиш мечот?“ – фановите на Ливерпул си најдоа нова жртва (ФОТО и ВИДЕО)

by
5 минути читање

„Црвените“ имаат
извонредна сезона но се чини дека ќе останат со празни раце. Во Лигата на
шампионите треба да надополнат негатива од 3-0 против Барселона, во Премиерлигата
треба да се надеваат на чудо и кикс на Манчестер Сити во дуелот со Брајтон во
последното коло.

Синоќа тие чекаа
услуга од Лестер, но Винсент Компани им ги скрши срцата откако за прв пат во
дресот на Манчестер Сити постигна гол надвор од шеснаесетникот. Дефанзивецот со
„ракета“ во аголот во 70. минута донесе победа од 1-0.

Но навивачите на
Ливерпул ги боли и еден момент од финишот на дуелот кога нововлезениот Келечи
Ихеначо имаше одлична шанса да изедначи. Напаѓачот е поранешен играч на
Манчестер Сити, па фановите не се штедеа во навредите и обвинувањата.

Многумина сметаат
дека тој промашил намерно, има и такви кои мислат дека напаѓачот земал пари за
да го намести натпреварот. Со играчот дури се мајтапат и навивачите на
„граѓаните“ кои велат дека токму поради ова бил продаден на Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани