Фудбалерот на ПСЖ, Осман Дембеле, конечно се врати во составот по повеќенеделна пауза поради повреда на бутниот мускул и ќе биде на располагање за натпреварот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.
Францускиот репрезентативец се повреди во септември за време на настапот за националниот тим, по што отпатува во специјализирана клиника во Доха, каде што спроведуваше интензивен процес на рехабилитација.
Последниот натпревар за ПСЖ го одигра на 30 август против Тулуз, а по долга пауза Дембеле минатата недела се врати на тренинг со екипата, но не беше во составот за дуелот со Стразбур.
Во меѓувреме, крилниот напаѓач го доби и највредното индивидуално признание во светот на фудбалот „Златната топка“, со што само ја заокружи најуспешната година во својата кариера.