761
Македонската судијка, Ива Пројковска ќе има нова задача во женската Лига на шампионите.
Нашата најдобра судијка помеѓу дамите ќе дели правда на натпреварот помеѓу Волфсбург и Барселона кој се игра во рамките од четвртфиналето.
Прва асистентка на Пројковска ќе биде Сташа Шпур од Словачка, а втора Хеини Хивонен од Финска. За четврта судијка избрана е Алина Пешу од Романија. За ВАР собата ќе бидат задолжени српските судии Момчило Марковиќ и Јелена Цветковиќ.
Натпреварот е закажан за 19 март од 18:45 часот.