Најчудното засилување на Челси го напушта клубот по само 6 месеци и одиграни 45 минути во Премиерлигата

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува добро упатениот Фабрицио Романо, Челси и Брајтон дале зелено светло за преселба на Факундо Буонаноте во Лидс, Аргентинецот вториот дел од сезоната ќе го помине на позајмица во „белиот“ дрес.

„Сините“ минатото лето потрошија преку 350 милиони евра на засилувања, и во последните денови од преодниот рок се најавуваше уште една „трансфер бомба“ во форма на Чави Симонс или Фермин Лопез.

Но Челси изненади со последното засилување за Енцо Мареска и на „Стемфорд Бриџ“ на позајмица пристигна Факундо Буонаноте од Брајтон.

Но Аргентинецот не се снајде, во Премиерлигата одигра само 45 минути и забележа осум настапи во сите натпреварувања со скромен учинок од само еден гол.

Па тој по само шест месеци ќе го напушти клубот, добро упатениот Фабрицио Романо објави дека Факундо Буонаноте во продолжението од сезоната ќе настапува на позајмица во Лидс.

Челси и Брајтон дали зелено светло за една ваква зделка, па само прашање на време е кога ќе пристигне официјалната потврда.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×