Најава за подобри денови: Салах се врати, Ливерпул победи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По двата последователни нерешени средби, Ливерпул конечно се врати на победничките патеки и вечерва славеше сигурен триумф од 2-0 против Брајтон, а дополнителна причина за задоволство за навивачите беше враќањето на Мохамед Салах на теренот.

Египетскиот ас, по разговорот со тренерот Арне Слот одржан еден ден претходно, повторно се најде во конкуренција за тимот и влезе во игра уште во 26. минута, откако Џо Гомез се повреди и мораше да го напушти теренот. „Црвените“ поведоа од првата посериозна закана, кога Екитике го отвори резултатот по само една минута игра.

Напаѓачот повторно се запиша меѓу стрелците по околу еден час игра, а во таа акција значајна улога имаше и Салах, кој се најде во улога на асистент.

Во истиот термин до победа со идентични 2-0 стигна и Челси, кој ја заврши работата уште во првото полувреме со головите на Палмер и Густо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×