Македонија беше носител на ждрепката поради одличниот настап на претквалификациите каде беше пред Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.
Надежите добија тешка група, протвници им се Англија, Унгарија и Летонија.
Само првопласираните репрезентации од седумте групи обезбедуваат пласман на Европското првенство 2019 кое ќе се одржи во Финска.
Селекторот Вујадин Станојковиќ е задоволен од ждрепката и смета дека Македонија може да се бори за првото место.
„Задоволен сум од исходот на извлекувањето во Нион, мислам дека имаме голема шанса за нов, историски резултат. Групата е силна, но можеме да се надигруваме со сите, впрочем, тоа го потврдивме со пласманот во Елитната фаза и трите победи против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Мислам дека и нашата публика ќе има можност да ужива во натпреварите, ќе играме на домашен терен, за тоа се изборивме и мораме да бидеме задоволни, изјави Вујадин Станојковиќ