На повидок револуција: Лига на шампиони во иднина може да гледаме на – Нетфликс!

by Стефан
1 минути читање

Во изминатите години сведоци сме на бројни промени во фудбалот, а една таква во блиска иднина би можела да се случи со преносите од Лигата на шампионите.

Имено, според пишувањаата на „Блумберг“ во наредните години најелитниот фудбал би можел да се емитува на Нетфликс.

Наводно во УЕФА разгледуваат да дозволат покрај класичните куќи и глобалните стриминг платформи да можат да ги откупуваат ТВ правата.

Од продажбата на ТВ правата, УЕФА во овој момент заработува милијарди евра по сезона и над 100 емитери низ светот купуваат различни пакети.

Според најавите новите тендери за циклусот кој почнува во 2027 година ќе бидат распишани во наредните недели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×