81
Според „Марка“, Гризман денеска го известил клубот и своите соиграчи дека летово ќе замине од Атлетико Мадрид.
Најверојатно неговиот нов клуб ќе биде Барселона.
Според договорот кој го има со Атлетико Мадрид, откупната клаузула од 1 јули ќе му се намали на 120 милиони евра, тоа е биде сумата која ќе ја платат каталонците.
Од тие 120 милиони евра, 96 ќе завршат во касата на Атлетико Мадрид, бидејќи Реал Сосиедад има 20% од следниот трансфер на Гризман.
Иако Симеоне во изминатите денови тврдеше дека нема знаци дека Гризман сака да го напушти клубот, францускиот фудбалер сепак ќе ја промени средината.