На Ливерпул нема да му се допадна кога ќе слушне што правеле фудбалерите на Брајтон пред дуелот со Сити!

by
1 минути читање

Денеска на
програмата во Премиерлигата е последното коло по кое треба да биде познат
новиот шампион на Англија (може да се случи и да има мајсторка, но за тоа е
потребно чудо).

Ливерпул се
надева на прва титула по 29 години, но за ваков успех „црвените“ покрај тоа што
треба да го победат Вулверхемптон, треба да чекаат и услуга од Брајтон.
Популарните „галеби“ го пречекуваат Манчестер Сити и треба да го сопрат
актуелниот шампион, кој има 13 победи во низа во Премиерлигата.

Сепак, на Јирген
Клоп, неговите избраници и фановите нема да им се допаднат последните вести. Новинар
на ЕСПН открива дека фудбалерите на Брајтон малку повеќе се опуштиле оваа
недела, се забавувале и го славеле опстанокот во елитата.

„Имам пријател кој е фан на Брајтон и ме информираше дека неколку играче на
Брајтон биле забележани три дена по ред како се забавуваат до доцна во ноќта“

вели Ејдриан Хили.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани