Муслиу во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Вардар, но имаше аматерски договор со шампионот според кој можеше да го напушти клубот кога сака, но не за директен трансфер во друг македонски клуб.
Шкендија најде начин како да ја изигра оваа клаузула во договорот на Муслиу со Вардар. Па играчот најпрво потпиша за Приштина, а од таму доаѓа како позајмен играч во актуелниот лидер на табелата.
Муслиу треба да биде сериозно засилување за дефанзивата на Шкендија која важи за најслабиот дел од тимот.
23-годишниот Муслиу потекнува од фудбалската школа на Гостивар, играше една сезона во Ренова, беше дел и од швајцарскиот Сент Гален и од Вардар. Тој настапуваше и за македонската репрезентација до 21 година на Европското првенство во Полска, а играше и за сениорската селкција при крајот на квалификациите за СП 2018.
Фото: ФК Шкендија