Бенфика конечно стигна до првата победа и до првите бодови оваа сезона во Лигата на шампионите со триумфот над Ајакс во Амстердам. Тренерот Жозе Мурињо откри дека на полувремето одржал говор кој фудбалерите го прифатиле на вистински начин, иако целата ситуација добила многу поголем публицитет отколку што заслужува.
Мурињо се осврна и на примерот на неговиот сонародник Сержо Консеисао, кој пред неколку дена имаше необичен мотивациски настап во Ал Итихад.
„Најпрво, кога имате земја во која дваесет и три часа дневно се коментира сè што правите, јасно е дека Бенфика е постојана тема во медиумите. Од обичната интервенција на тренер на полувреме беше направена драма. Читав како еден врвен португалски тренер, Сержо Консеисао, им рекол на играчите на Ал Итихад дека има 52 години и дека тој може да игра побрзо од нив. Каде е проблемот тука. Како татко не сум секогаш благ кон моите деца, а овие не се мои деца, туку мои играчи“ рече Жозе.
Бенфика со победата во Амстердам ја прекина негативната серија во Лигата на шампионите и го најави своето враќање во битката за повисок пласман.