68
Отказот на Жозе
Мурињо очигледно беше добредојден за играчите, па вечерва
„ѓаволите“ одиграа одличен меч. На гостувањето кај Кардиф, Манчестер јунајтед за прв
пат по 2013 (последниот меч на Сер Алекс Фергусон на кормилото) постигнаа пет
гола.
Рашфорд од
слободен удар веќе во 3. минута најави победа а Ерера по половина час игра
погоди за 0-2. Камараса од пенал ги врати домаќините во игра, но Марсијал по
една одлично одработена акција реализираше за 1-3 пред паузата.
Лингард од пенал
во 57. минута од мечот најави убедлива победа, а истиот играч во последните
мигови ги постави конечните 1-5.
Во првиот меч под
водство на Солскјер, Манчестер јунајтед исто така може да се пофали и со 75%
посед на топка.