Мурињо си ја бара бељата, по големиот пресврт во Торино ја истрола ФА и убаво се изнасмеа (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Ѓаволите“ со
голем пресврт во последните пет минути стигнаа до победа на гостувањето во
Торино, па Жозе Мурињо го искористи ова за мала провокација до фановите на
Јувентус.

„Специјалниот“
беше на мета на тифозите и на Олд Трафорд поради минатото со Интер, па
откако добиваше навреди 90 минути на „Алианц“ по последниот свиреж тој излезе
на теренот и ја стави раката на уво.

Ова не беше
единственото шоу кое го приреди Португалецот во Торино, во разговор со
медиумите убаво ја истрола и Фудбалската асоцијација на Англија.

Кога беше замолен
да го објасни својот гест, тој ја праша новинарката „Дали разбирате
италијански
“, а откако таа му одговори негативно, Мурињо и порача, „Прашај ја
ФА да ти преведе што скандираа фановите“
и убаво се изнасмеа.

Тренерот на
Манчестер јунајтед се најде на тапет кај ФА откако дофрли нешто кон камерата по
драматичната победа од 3-2 над Њукасл. ФА ангажираше експерт кој чита од усни
кој востанови дека Жозе Мурињо на португалски рекол „fodas filhos de puta“ или
во превод „еб*те се ку*вини синови“.

Против него беше
покрената постапка и беше обвинет дека користел зборови кои биле навредливи и
несоодветни па му претеше суспензија. Сепак, независна регулаторна комисија пресуди
дека нема доволно докази за казна. ФА не се откажува и најави дека ќе ја обжали
оваа одлука, па Мурињо се чини дека си ја бара бељата со последните коментари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани