Мурињо открива детали од тактиката која ја употребил против Ајакс

by
1 минути читање

Жозе Мурињо на едно гостување во училиште во Лисабон, откри како течеле подготовките на неговиот тим за финалната пресметка против Ајакс во Лига Европа, а соопшти и детали од тактиката.

Гледав осум натпревари на Ајакс, сакав да бидеме стабилни по левата страна, предизвикот ми беше да го решам тоа со играта на средниот ред на мојот тим. Во тој дел од теренот Ајакс играше навистина солидно. Успеавме целосно да ги блокираме во тој дел, Санчез го извадивме од колосек, тој мораше да ја напушта својата позиција, бевме повисоко излезени и во целост доминиравме на теренот“ – отркива Мурињо.

Сите велеа дека Ајакс игра убав, допадлив фудбал, бла, бла бла… На моите фудбалери им кажав дека убавината на фудбалот за мене е да не му дозволиш на противникот да го прави тоа што го сака“ – изјави Португалецот и додаде дека Ајакс иако правел голем пресинг над неговиот тим, не успеал да им украде ниту една топка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани