Мурињо откри како го избегнал сообраќајниот метеж во Манчестер: Фановите не ме препознаа

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед повторно имаше проблеми навремено да пристигне на Олд Трафорд, како и
на претходниот меч со Валенсија, истиот случај беше и синоќа по сообраќајниот
метеж околу фудбалскиот стадион.

На клупскиот
автобус му биле потребни цели 45 минути за да пристигне на одредената
дестинација, иако според зборовите на Жозе Мурињо, Манчестер јунајтед го
променил хотелот, но, на Португалецот му биле потребни само две минути за да
пристигне на Олд Трафорд, тој ја откри интересната ситуација во која се најде.

Ние го сменивме
хотелот, тој е веднаш преку улицата од арената, но, момците и покрај тоа во
автобусот минаа цели 45 минути
“ рече тој во изјавата за
BT Sport.

Пешачев до
арената облечен во дуксер помеѓу фановите и никој не ме препозна, потребни ми
беа само две минути пешачење за да пристигнам, за истото на тимот му беа
потребни цели 45 минути со автобусот
“ заклучи Португалецот.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/BoNXb6vjea

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани