Мурињо одговори на критиките од Касиљас со провокција:Тој е лажго и човек на крајот од кариерата!

by
2 минути читање

Жозе Мурињо и
легендата на „Кралевите“ имаа затегнат однос, кој придонесе Португалецот да го
седне на клупа Икер Касиљас, по што голманот го загуби првотимскиот статус и
тука започна крајот на неговиот престој во Реал Мадрид.

„Специјалниот“ и
Икер Касиљас влегоа во конфликт поради тоа што голманот се обидуваше да
негува пријателство со колегите од репрезентацијата на Шпанија кои играа во
Барса, како и поради тоа што издаваше тајни од соблекувалната за несогласувања
помеѓу Жозе Мурињо и останатите ѕвезди од тимот.

Пет години по
овие случвања, Икер Касиљас вчера си ја отвори душата и порача дека требал да
постапи поинаку, односно во лице да му каже на Жозе Мурињо што мисли.

„Тоа што се случи не беше добро за никого, ниту за мене, ниту за него, ниту за клубот. Доколку се случи
повторно, мислам дека би реагирал поинаку, би го фатил бикот за рогови и би
разговарал лице во лице со Мурињо“
– му кажа Икер Касиљас на Хорхе Валдано во
интервју за програмата Вамос.

„Тогаш, решив да
молчам, мисев дека тоа беше правиот начин на однесување во склоп со вредностите
на Реал Мадрид“.

Но не се чекаше
многу за реакцијата на Португалецот кој одговори со провокации.

„Интервјуто е
типично за човек кој е на крајот од кариерата. Што се однесува до она што го
вели за мене, не ја кажува вистината кога изјави дека никогаш не ми се спротивставил.
Се соочи со мене, и тоа на начин кој го прави најдобро, како никој друг: подмолно!“
– вели Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани