Мурињо објаснува зошто повеќе не може да купува играчи од Арсенал и Тотенхем

by
2 минути читање

„Специјалниот“ се
подготвува за втор летен трансфер пазар како менаџер на „Црвените Ѓаволи“, и во
разговор со Франс Фудбал се жали дека неговиот избор е ограничен во споредба со
минатото.

Жозе Мурињо вели
дека повеќе не може да ги купуваат најдобрите играчи на ривалите, како што во минатото го правел тоа Сер Алекс Фергусон.

Ферги успеа да го
купи Мајкл Керик и Димитар Бербатов од Тотенхем и Робин ван Перси од Арсенал.

„Веќе сите се
моќни, променет е амбиентот
– вели Мурињо.

„Ако сакам да
купам играч од Тотенхем, не можам
.

„Ниту пак можам
да купам од Манчестер Сити или Арсенал
.

„Во минатото не
беше така. Кога бев во Челси, го ангажирав Шон Рајт Филипс, кој беше најдобар
во Манчестер Сити или пак Ешли Кол од Арсенал
.

„Кога Сер Алекс
Фергусон ги сакаше најдобрите играчи од Тотенхем, ги купи Мајкл Керик и
Бербатов
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани