Мурињо објасни зошто не направи ниту една замена и покрај тоа што беше надигран од Јувентус

by
2 минути читање

„Старата Дама“ си
замина од Олд Трафорд со три бода. Голот на Пауло Дибала во првото полувреме
беше доволен за важна победа во битката за првото место во Групата Х.

И покрај тоа што Манчестер
јунајтед се мачеше поопасно да го загрози голот на Шчесни и гостите од Торино доминираа во поголемиот
дел од мечот, Жозе Мурињо одлучи да не направи ниту една замена, и го заврши
мечот со истите играчи со кои го започна.

Португалецот по
крајот на натпреварот ја објасни својата одлука и истакна дека на клупата немал
офанзивец кој можел да промени нешто, а и не сакал во оган да го фрли тинејџерот
Тахит Чонг.

„На ум треба да
имате дека Алексис Санчез беше на трибините, Џеси Лингард исто така беше на
трибините. Фелаини можеби беше на трибините но можеби беше и дома. Единствена
напаѓачка опција на клупата ми беше младо 18 годишно момче кое никогаш
претходно не играло за првиот тим“
– вели Португалецот.

„Со оглед на тоа
каква беше динамиката на мечот, мислам дека не беше соодветно да го пуштам во
игра. Не можете да очекувате дека младо момче кое треба да дебитра на ваков
натпревар ќе може да ми понуди нешто како на пример да постигне гол“.

„Па во осонува
затоа не направив ниту една замена и едноставно решив да се обидеме да
направиме нешто со играчите кои ги имав на теренот“.

Најдобрата
прилика за гол на Манчестер јунајтед беше ударот на Пол Погба од врвот на
шеснаесетникот кој заврши во стативата а потоа се одби од главата на Шчесни и
заврши надвор од теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани