Алексис Санчез во Манчестер јунајтед не е ниту бледа сенка од оној кој беше во Арсенал, Чилеанецот го мачат повреди, но има и проблеми со формата.
„Во овој момент Санчез има проблем бидејќи е повреден, тој влезе на мечот со Челси во обид да му помогне на тимот но физичката кондиција не му беше добра“, вели Мурињо.
„Потоа требаше да сопре со тренинзи и не беше во комбинација за дуелот со Јувентус, нема да биде подготвен и за утрешниот меч, треба да биде во најдобра физичка кондиција“.
„Во јануари потпиша за нас, во таков период никогаш не е лесно за играчот, потоа оваа сезона ја стартуваше добро, имаше добри подготовки и одигра добро против Лестер“.
„Потоа беше повреден, па се врати и пак се повреди, тој е тип на фудбалер кој треба да биде, навистина, навистина во добра кондиција“.