Мурињо е загрижен, Јувентус мудро ја чека шансата за потписот на Де Хеа

by
1 минути читање

Актуелниот
важечки договор на Давид Де Хеа со Манчестер јунајтед истекува идното лето,
извесно е дека преговорите помеѓу двете страни на одат во позитивна насока, па
дел од медиумите на Островот шпекулираат дека сево ова не му се допаѓа на Жозе
Мурињо.

Португалскиот
стратег од клупата на тимот од Олд Трафорд, наводно е загрижен поради тоа што
наводно шпанскиот голман би можел уште во јануарскиот преоден рок да почне
преговори со Јувентус, а италијанскиот шампион идното лето би можел да го добие
без никакво обештетување.

Сепак, на
Островот шпекулираат дека Манчестер јунајтед би можел да ја активира опцијата
за Де Хеа да остане уште една година на Олд Трафорд, барем се вели дека постои
таква опција.

Последната понуда
на Манчестер јунајтед до својот голман гласеше неделна плата од 375,000 фунти,
но и таа беше одбиена од 27 годишниот Шпанец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани