Мрме би можел да стане тренер на Партизан!?

by riste
1 минути читање

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски – Мрме е еден од кандидатите за нов тренер на Партизан кој наскоро би требало да се раздели со Ненад Стојаковиќ.

Според информации на „Спорт1“, човекот со кој Македонија испиша историја може наскоро да го добие и својот најголем клупски предизвик, да ги води белградските црно-бели.

Наводно Мрме е во комбинација поради неговиот пријателски однос со Предраг Мијатовиќ кој сега ги носи одлуките во Партизан.

На Партизан не му оди најдобро, во идниот период се очекува Ненад Стојаковиќ да добие отказ, а како ултиматум за неговата судбина му е поставено „вечното дерби“ со Црвена звезда кое се игра наредниот викенд. Од тој резултат ќе зависи дали брзо српскиот гигант ќе го промени тренерот.

Игор Ангеловски ја однесе Македонија на Европско првенство, но немаше успеси во клупските ангажмани кои ги имаше потоа. Останува да се види дали негова следна шанса за докажување ќе биде Партизан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×