Монтела со апел до спонзорите на Милан: Дајте ни повеќе пари за да ги купиме Мората и Белоти!

by
1 минути читање

Клубот од Сан Сиро неодамна доби нови сопственици од Кина кои летоска ќе треба да ги покажат амбициите и да донесат неколку звучни имиња.

Се најавува нов голгетер од светска класа, а на листата со желби се Алваро Мората од Реал Мадрид и Андреа Белоти од Торино.

Милан денеска има средба со спонзорите во Сардинија, а тренерот Винченцо Монтела на шега вели дека значително ќе му биде олеснета работата доколку спонзорите дадат повеќе пари.

„Доколку повеќе немате прашања, јас би сакал да прашам нешто поврзано со финансиите“ – рече Монтела.

„За да немаме главоболки и да треба да избираме помеѓу Мората и Белоти, дајте ни повеќе пари за да можеме да ги купиме двајцата!“

„Па наместо само да целиме кон местата кои водат во Лигата на шампионите, ќе атакуваме на Скудетото“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани