Монако се распрашува за можноста да го ангажира Андре Онана, Манчестер јунајтед веќе пикирал нов голман и го мерка Марко Карнесеки од Аталанта.
Андре Онана често е критикува за своите партии во дресот на „ѓаволите“ и никако да ги оправда 55-те милиони евра кои Манчестер јунајтед му ги плати на Интер летото во 2023 година.
Често се говори дека Рубен Аморим сака да ангажира нов голман и последните информации велат дека Монако може да му направи голема услуга на Манччестер јунајтед.
Клубот од малото кнежество се распрашува за Андре Онана и условите под кои може да го ангажира Камерунецот.
Се шпекулира дека „ѓаволите“ веќе се подготвуваат за живот без Андре Онана и стапиле во котант со агентите на Марко Карнесеки од Аталанта, кој е прв избор за нов голман доколку Камерунецот го напушти клубот.
ФОТО: X/Manchester United