Прво беше Тони
Крос, а потоа и Начо Фернандез, а последниот во оваа низа кој ќе потпише нов
договор со Реал Мадрид, ќе биде Лука Модриќ, пренесува „Марка“.
Хрватот, како што
најави „Марка“ и пред неколку месеци, веќе ги финализирал преговорите со
клубот, а недостасува само неговиот потпис и јавна презентација на истиот кој ќе биде со важност до 2021. година, актуелниот му истекува идното лето..
33 годишниот
фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид подолг период се поврзуваше со Интер,
но, ништо од тоа не се оствари, тој остана во шпанската престолнина а наводно
добил и голема поддршка од шефот на стручниот штаб на шпанскиот гигант, Зинедин
Зидан.
Модриќ во дресот
на Реал Мадрид игра од 2012. година па наваму, а пристигна од редовите на
Тотнем.