Миовски изнуди пенал, но тоа може да биде лошо за Македонија! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Жирона со 4-3 го совлада Леганес, Бојан Миовски изнуди пенал, но се повреди токму од тој старт врз него и предвреме го заврши натпреварот, дополнително ќе се знае дали ова ќе го загрози неговиот настап за мечевите на Македонија од Лигата на нации.

Миовски беше стартер на мечот, но и овојпат не успеа да постигне деби гол во Ла Лига, сепак даде допринос во победата.

Во првото полувреме Жирона со голови на Гутиерес и Мартинез двапати водеше, но Леганес изедначуваше преку Тапија и Круз.

Во 60. минута врз Миовски беше направен старт на линијата од шеснаесетникот, беше досуден пенал за Жирона. Македонецот беше заменет со Стуани кој го реализираше пеналот за водство од 3-2 и при прославата отрча во прегратка на Македонецот.

На Миовски му се укажуваше лекарска помош по стартот, а потоа со потешкотија го напушти теренот иако сакаше да го шутира пеналот. Останува да се види дали се работи за посериозна повреда или ќе биде подготвен за мечот од Лигата на шампионите за Жирона, но и за натпреварите од Лигата на нации за Македонија.

Во 73. минута Гонзалез си постигна автогол за водство на Жирона од 4-2, четири минути подоцна Ел Хадиди намали на 4-3, но Леганес не успеа да се спаси од пораз, тоа беше конечниот резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани